УТРО.мк

Полицијата во Белград уапси ученик, откако на училиште дошол со список за отстрел и нож

Полицијата во Белград уапси ученик, откако на училиште дошол со список за отстрел и нож
Vero

Седмооделенец од Белград приведен поради сомнителен список за напад и нож во училиште

Ученик во седмо одделение од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград бил приведен и спроведен на сослушување во полиција, откако, според првичните информации, во училиштето донел нож и список за потенцијален напад.

Инцидентот, кој се случил вчера, предизвика загриженост кај наставниот кадар и родителите, по што случајот бил пријавен во полицијата. Постапката ја води Вишото јавно обвинителство во Белград, кое издало наредба за испрашување на малолетникот.

Белградските медиуми јавуваат дека учениците и вработените се безбедни, а надлежните институции преземаат мерки за понатамошно расветлување на случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран