Студентското движење „Блокада“ најави нови протестни активности за вечерва во Нови Сад. Преку порака објавена на нивните профили на социјалните мрежи, тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 19:45 часот пред зградата на Безбедносно-информативната агенција (БИА), испраќајќи порака: „Вечерва пукаат сите шавови“.
Зградата на БИА е лоцирана во непосредна близина на седиштето на владејачката Српска напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето. Засега нема дополнителни информации за текот и програмата на протестот.
Овој собир доаѓа само еден ден по инцидентите во центарот на Нови Сад, кога дојде до вербални и физички конфликти меѓу приврзаниците на СНС и група граѓани кои протестираа против политиките на власта.