УТРО.мк

Не стигна ни до плажа, а веќе остана без 500 евра: Србин казнет поради една порака – ова правило во Грција туристите масовно го кршат

Не стигна ни до плажа, а веќе остана без 500 евра: Србин казнет поради една порака – ова правило во Грција туристите масовно го кршат
Vero

Новите правила за сообраќајна безбедност во Грција, што стапија на сила на 15 јуни 2025 година, веќе почнаа да носат непријатни изненадувања за туристите – особено за оние кои не се запознаени со рестрикциите за користење мобилен телефон додека возат.

Еден турист од Србија, кој се движел низ популарно грчко летувалиште, добил казна од 500 евра само затоа што на кратко погледнал во телефонот за да ѝ испрати порака „Стижам“ на својата сопруга. Како што раскажува, не разговарал, ниту подолго пишувал, но бил снимен од новите „паметни камери“ поставени на патиштата ширум Грција.

„Само ја видов пораката и испратив ‘Стижам’. Ништо повеќе. А полицаецот ми кажа дека сум снимен и дека казната е 500 евра“, вели туристот од Белград.

Според новиот Закон за сообраќајна безбедност, секое користење мобилен телефон за време на возење – вклучително и праќање пораки, проверка на мапа или едноставно држење на телефонот – се смета за прекршок. Казната изнесува 500 евра, а можно е и одземање на возачката дозвола за 30 дена.

Законот важи и кога возилото стои, на пример, на семафор или во колона. Грчките власти немаат разбирање – изговорите не се прифаќаат.

Инсталираните паметни камери автоматски ги детектираат движењата, положбата на рацете и погледот кон екранот, па казните често се испраќаат дури и без полициска контрола. Туристите се посебно таргетирани, бидејќи се сметаат за најризична група во летниот период.

Дозволено е користење handsfree систем без допирање на телефонот, како и користење интегрирана навигација во возилото. Но, секое држење на мобилен во рака, читање пораки или отворање мапа – ве носи директно во ризик од казна.

Многу туристи на социјалните мрежи сведочат дека една порака им го „избришала“ буџетот за летување. Затоа, доколку патувате во Грција ова лето – телефон во раце само кога не сте зад воланот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран