Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува сите Македонци и добронамерници од Република Албанија на годишната средба која ќе се одржи во село Ербеле – Маќелара, кај црквата Св. Преображение, историска црква од 12 век.
Средбата е закажана за 18 и 19 август 2025 година, а организаторите ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат и да учествуваат во настанот.
Друштвото „Илинден“-Тирана нагласува дека сите се добредојдени, со цел зајакнување на македонската заедница и културните врски меѓу Македонците во Албанија.