Во рамките на проектот „Доградба на коловоз на локален пат за село Буково“, денес беше извршено асфалтирање на првата делница од локалниот пат во должина од 600 метри. Асфалтирањето се однесува на првиот слој на десниот дел од коловозот, додека претходно беше извршена стабилизација на банкината и вградување на префабрикувани бетонски каналети за одводнување.

Проширувањето на патот е реализирано по барање на жителите на село Буково, со цел побезбедно одвивање на сообраќајот. Патот е симетрично проширен по 1 метар од двете страни на постоечкиот коловоз, со вкупна ширина од 5,50 метри.

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а изведувач е компанијата ЗИМАК Стретен ДООЕЛ од Битола.
Општина Битола потенцира дека проектот е дел од континуираните активности за подобрување на локалната инфраструктура и безбедноста на сообраќајот во општината.