УТРО.мк

ХАОС НА ХАЛКИДИКИ: Торнада над морето, град и поплави го парализираа северот на Грција

ХАОС НА ХАЛКИДИКИ: Торнада над морето, град и поплави го парализираа северот на Грција
Vero

Туристи во паника бегаа од плажите, ветер однесе покрив 100 метри, активиран е 112

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, урагански ветер и град попладнево го зафати северот на Грција и предизвика големи материјални штети.

Според грчките медиуми, најпогодени се регионите на Солун, Халкидики, Драма, Закинтос, Волос, Агринио и Фтиотида. На терен има паднати дрвја, поплавени улици и патишта, а градот уништил земјоделски насади.

Пред налетот на бурата, Цивилната заштита издаде итно предупредување и го активираше бројот за итни случаи 112, преку кој граѓаните и туристите добија СМС предупредувања за опасни временски услови.

Најдраматични сцени се забележани на Халкидики. Туристи на плажата Псакудија панично бегале откако торнадо се доближило до брегот. Слични морски вртлози – пијавици, се појавиле и во заливот меѓу Ситонија и Света Гора, а снимки веќе кружат на социјалните мрежи.

Во Закинтос се бележат поплавени улици поради обилните врнежи, додека во Драма паѓал густ и силен град. Во Солун времето нагло се влошило и со силен ветер и пороен дожд ги натера граѓаните и туристите да бараат засолниште.

Најсериозни штети има во префектурата Фтиотида. Во градот Макракоми, силниот ветер целосно го откорнал покривот на зградата на Сојузот на земјоделски задруги. Според очевидци, металната конструкција била однесена околу 100 метри и паднала спроти супермаркет, додека лимови летале низ воздухот и создавале опасност за пешаците и возачите.

Засега нема официјални информации за сериозно повредени лица. Надлежните служби се на терен и ја проценуваат штетата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin