УТРО.мк

Авион со 130 патници излета од писта при полетување

Авион со 130 патници излета од писта при полетување
Vero

Вистинска драма се одвивала денеска на аеродромот во Сплит, откако авион на Croatia Airlines излетал од пистата при полетување кон Франкфурт, поради што аеродромот бил привремено затворен за авионски сообраќај.


Инцидентот се случил околу 13:10 часот, кога летало од типот Airbus A220-300 при забрзување за полетување завршило надвор од пистата, на тревната површина покрај неа.
Во авионот се наоѓале 130 патници и петчлен екипаж. Според првичните информации, сите биле безбедно евакуирани и засега нема податоци за повредени лица.


Поради инцидентот, аеродромот во Сплит бил привремено затворен, што предизвикало доцнења и промени кај дел од летовите. По интервенцијата на надлежните служби и расчистувањето на теренот, пистата повторно била ставена во функција околу 16 часот.


На социјалните мрежи во меѓувреме се појавија и првите снимки од моментот на инцидентот. Видеото, кое брзо стана вирално, покажува како авионот излегува од пистата додека патниците и присутните на аеродромот во паника ја следат ситуацијата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран