УТРО.мк

Удрил 10-годишно девојче во Велес и избегал: Полицијата трага по возачот

Удрил 10-годишно девојче во Велес и избегал: Полицијата трага по возачот
Vero

Десетгодишно девојче од Радовиш било повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Велес, откако во неа удрило патничко возило чиј возач избегал од местото на настанот.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 15 мај 2026 година, откако околу 16 часот малолетничката била донесена во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.


„На 15.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 16:00 часот во Општа болница Велес, за укажување лекарска помош била донесена 10-годишна малолетничка од Радовиш. Според пријавеното, на улица „Јордан Џурнов“ во Велес патничко возило управувано од НН лице удрило во малолетничката, која се здобила со телесни повреди констатирани од лекар“, информираат од полицијата.


По несреќата, возачот не застанал и го напуштил местото на настанот, поради што полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран