УТРО.мк

МВР: 17 приведени возачи во едно деноноќие поради безобѕирно возење

МВР: 17 приведени возачи во едно деноноќие поради безобѕирно возење
Vero

Полицијата во изминатите 24 часа привела 17 возачи низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи. Дел од нив возеле под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречени забрани за управување.


Според информациите од МВР, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол. Особено сериозен е случајот во Радовиш, каде што еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода, а потоа избегал од местото на настанот.
Дополнително, осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод биле фатени како возат без воопшто да поседуваат возачка дозвола.


Во Кочани, пак, полицијата привела возач кој управувал автомобил и покрај тоа што имал активна забрана за управување моторно возило.
МВР информира и за два дополнителни случаи – во Кавадарци бил уапсен возач кој управувал нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола, додека во Демир Хисар бил затекнат возач кој возел и без дозвола и под дејство на алкохол.


Од Министерството предупредуваат дека ваквото неодговорно однесување директно ја загрозува безбедноста во сообраќајот и може да има сериозни последици по животот и здравјето на граѓаните.
„Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на изречена забрана претставува сериозен ризик по сите учесници во сообраќајот“, велат од МВР.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран