УТРО.мк

Маскиран 36-годишен битолчанец со пиштол упаднал во канцеларија за брзи кредити!

Маскиран 36-годишен битолчанец со пиштол упаднал во канцеларија за брзи кредити!
Vero

Вистинска драма се одвивала во Битола откако 36-годишен битолчанец со пиштол упаднал во канцеларија за брзи кредити и се обидел да изврши разбојништво, заканувајќи им се на вработените. Обидот за грабеж се случил среде ден, а полицијата по брза акција успеала да го идентификува и уапси осомничениот.


Од СВР Битола информираат дека против лицето М.Ѓ. (36) е поднесена кривична пријава за „разбојништво во обид“, откако на 30 април околу 18:10 часот влегол во објект за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола и под закана со огнено оружје се обидел да одземе пари.


Според информациите, ситуацијата била исклучително напната, а осомничениот по неуспешниот обид избегал од местото на настанот.
По пријавата, полицијата веднаш започнала интензивна потрага и оперативни активности за откривање на сторителот. Осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ, а по наредба од Основниот суд Битола бил извршен претрес во неговиот дом.


При претресот, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол за кој постои сомнение дека бил користен при обидот за разбојништво.
Од МВР велат дека случајот е целосно расчистен и против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран