УТРО.мк

Убиство, запалено тело и прикривање траги: МВР со детали за уапсениот шеф на белградската полиција

Убиство, запалено тело и прикривање траги: МВР со детали за уапсениот шеф на белградската полиција
Vero

Голем скандал ја потресе Србија откако денеска беше уапсен началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, во рамки на истрагата за исчезнувањето и убиството на Александар Нешовиќ – Баја.


Телото на Нешовиќ било пронајдено денеска покрај автопатот во близина на Шимановци, неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување. Според српските медиуми, истрагата покажала дека тој бил убиен на 12 мај во ресторан во белградската населба Сењак.


Како што објавуваат медиумите во Србија, Нешовиќ во моментот на инцидентот бил во друштво на Милиќ, а во ресторанот пристигнал и Саша Вуковиќ, човек со кого жртвата претходно била во конфликт.
Според информациите на „Данас“, средбата наводно била организирана со цел да се смири конфликтот меѓу двајцата, но ситуацијата ескалирала. Во текот на расправијата, Вуковиќ извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон Нешовиќ, кој починал на лице место.


По убиството, според истрагата, Вуковиќ и двајца припадници на обезбедувањето на началникот го ставиле телото во автомобил, го однеле покрај автопатот и се обиделе да го сокријат злосторството со палење на телото.
Во меѓувреме, Милиќ и уште еден полицаец останале во ресторанот, каде наводно се обидувале да ги отстранат трагите и снимките од безбедносните камери.
Покрај началникот на белградската полиција, уапсени се и Саша Вуковиќ, како и уште тројца полицајци поврзани со случајот.


Апсењето на Милиќ предизвика огромен шок во српската јавност, со оглед дека тој со години важеше за еден од најмоќните луѓе во српската полиција.
Веселин Милиќ е дел од Министерството за внатрешни работи од 1998 година, а за првпат беше назначен за началник на белградската полиција во 2013 година. Подоцна работеше и како советник на српскиот претседател Александар Вучиќ за борба против криминал и корупција, пред повторно да се врати на челната позиција во белградската полиција кон крајот на 2020 година.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран