Голем пожар утрово изби во местата Писак и Марушиќ, источно од Омиш во Хрватска, предизвикувајќи сериозни штети и паника меѓу локалното население и туристите. Според Жупанискиот противпожарен центар во Сплит, огнот се приближува до куќите, а во гаснењето се вклучени повеќе противпожарни единици и локални жители.
Во тек е евакуација на населението, а на терен се испратени и два воени брода за поддршка. Пожарот доведе до затворање на дел од Јадранската магистрала меѓу Омиш и Дубци. Во помош пристигнаа и три канадери, иако нивното дејствување е отежнато од силниот ветар.
Како што јавуваат хрватските медиуми, туристите во паника го напуштаат регионот. Чадот се шири низ брегот и достигна до островите Брач и Хвар. Во Писак е прекинато снабдувањето со електрична енергија.
Според информации од теренот, уништени се најмалку 12 куќи и неколку возила, а целосно изгоре и маслодајната „Оргула“. Среќна околност е што досега не се пријавени повредени лица.
Градоначалникот на Омиш, Звонко Мочиќ, изјави дека ситуацијата е под контрола и дека гасењето од воздух се одвива по смирувањето на ветрот. Тој додаде дека штетите ќе се проценуваат по завршувањето на интервенцијата.
Заменик-началникот на полицијата во Сплитско-далматинската жупанија, Синиша Михановиќ, изјави дека пожарите биле подметнати. Истражуваат се сите околности, а на едно место веќе е утврден начин на подметнување.