УТРО.мк

Албанските иселеници испратиле 251 милион евра во својата татковина во првиот квартал од 2025 година

Албанските иселеници испратиле 251 милион евра во својата татковина во првиот квартал од 2025 година
Vero

Во периодот јануари–март годинава, албанските иселеници во својата татковина испратиле вкупно 251 милион евра, што претставува пораст од четири отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Централната банка на Албанија.

Според платниот биланс објавен од банката, приливот на девизи преку дознаки од дијаспората е зголемен за девет милиони евра споредено со првиот квартал од 2024 година.

Најголем дел од средствата пристигнуваат од земји со значајна албанска емигрантска заедница, како Италија, Грција, Германија, Франција, Обединетото Кралство и САД.

Централната банка посочува дека силните приливи од дознаки, растот на туристичките расходи и зголемените странски директни инвестиции се главните двигатели на зајакнувањето на домашната валута – лекот, кој во однос на еврото денеска изнесува 98,4 леки.

Во текот на целата 2024 година, вкупните дознаки надминале една милијарда евра, што е за 115 милиони евра повеќе во споредба со 2023 година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран