УТРО.мк

Сеќавање на Васка Илиева: четврт век без легендата на македонската музика

Сеќавање на Васка Илиева: четврт век без легендата на македонската музика
Vero

На 4 мај 2001 година во Скопје, на 78-годишна возраст, почина Васка Илиева, една од најзначајните и најпрепознатливи интерпретаторки на македонската народна песна, чиј глас и денес останува симбол на традицијата и музичкото наследство.

Илиева зад себе остави богато музичко творештво кое претставува важен дел од македонската културна историја. Нејзините изведби и денес се сметаат за антологиски записи на народната песна и се пренесуваат од генерација на генерација.

Меѓу најпознатите песни во нејзината кариера се „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Судбо моја судбино“, „Сношти појдов мила мамо“, „Четворица комити“, „Излегол Јане Сандански“, „Заплакало е Мариово“, „Не плачи мајко, не жалај“, како и „Земјо Македонска“, кои и денес се дел од репертоарот на македонската народна музика.

Родена е во Скопје на 21 декември 1927 година, а својата долгогодишна кариера ја посвети на негување и промоција на македонската традиционална песна, оставајќи траен белег во музичката историја на земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран