УТРО.мк

МВР евакуира жители во Трубарево: Куќа по куќа ги известуваат за опасноста од пожарот

МВР евакуира жители во Трубарево: Куќа по куќа ги известуваат за опасноста од пожарот
Vero

Министерството за внатрешни работи започна итна евакуација на жителите во најризичната зона околу големиот пожар во фабриката за електронски отпад во Трубарево. Припадници на полицијата од куќа во куќа ги известуваат граѓаните дека мора веднаш да ги напуштат домовите.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека најризичниот периметар се наоѓа во радиус од 150 метри од местото на пожарот, каде е утврдено високо ниво на опасност. Од 150 до 200 метри се утврдува средно ниво на опасност, додека од 200 до 400 метри е ниско ниво. Над 400 метри не се забележани штетни загадувања.

Тошковски додаде дека Министерството за здравство веќе дало препораки за вакви кризни ситуации, а полицијата веднаш се упатила кон домовите за да обезбеди безбедност на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран