УТРО.мк

Тоневски од Злетово: Нека е за многу години празникот Свети Константин и Елена

Тоневски од Злетово: Нека е за многу години празникот Свети Константин и Елена
Vero

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска во Злетово упати честитка до верниците по повод празникот посветен на Светите Цар Константин и Царица Елена.

Тоневски истакна дека овој голем христијански празник ги симболизира духовноста, единството и љубовта кон ближниот, вредности кои имаат особено значење за заедницата и за секој поединец.

„На сите верници им го честитам празникот, посакувајќи им добро здравје, мир, среќа и благосостојба во нивните домови“, порача Тоневски.

Тој додаде дека празниците се можност за зацврстување на меѓусебната почит, солидарност и заедништво, посакувајќи празникот Свети Константин и Елена да се слави уште многу години во мир и благосостојба.

„Нека е за многу години празникот“, порача градоначалникот на Општина Пробиштип.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран