УТРО.мк

Македонија најевтина дестинација во Европа за туристичко сместување

Македонија најевтина дестинација во Европа за туристичко сместување
Vero

Македонија е најевтината европска дестинација за туристичко сместување, покажува ново истражување на платформата AirDNA. Според податоците, просечната цена за ноќевање во земјата изнесува околу 39,81 евро, што ја става на прво место во Европа по достапност.

Истражувањето ги анализира цените, побарувачката и навиките за резервации на краткорочниот пазар за сместување. Резултатите покажуваат големи разлики меѓу европските земји – во делови од Балканот цените се под 60 евра по ноќ, додека во некои западноевропски дестинации надминуваат 200 евра.

По Македонија, меѓу најевтините се Косово со 41,63 евра, Молдавија со 45,49 евра, Србија со 51,17 евра и Босна и Херцеговина со 56,33 евра по ноќ.

На спротивната страна се најскапите дестинации како Монако, Исланд, Андора, Швајцарија и Обединетото Кралство. Во Рејкјавик просечната цена достигнува околу 209,90 евра, додека во Швајцарија и Андора се движи меѓу 184 и 188 евра. Во Обединетото Кралство просекот е околу 175 евра по ноќ.

Истражувањето заклучува дека Европа и понатаму има големи ценовни разлики, при што источниот дел на континентот останува значително подостапен за туристите во споредба со западните и северните дестинации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран