УТРО.мк

Поднесена кривична пријава против жена за напад врз 10-годишно дете

Поднесена кривична пријава против жена за напад врз 10-годишно дете
Vero

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против 36-годишна жена од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради сомнение дека извршила кривично дело „насилство врз дете“.

Како што информираат надлежните, на 17 мај 2026 година во маркет во селото Долгаш, жената физички нападнала десетгодишно дете.

Случајот е пријавен во надлежните институции, а полицијата презема дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран