X официјално ја активираше функцијата што прикажува од која земја е креиран и од која држава функционира секој профил, со цел да се зголеми транспарентноста – особено кај профили со големо влијание врз јавното мислење и политичките дискусии.
Новината предизвика силни реакции во САД, каде што излегоа на површина профили што учествувале во изборни кампањи, а не биле од земјата. Ова е дел од напорите на Илон Маск да се справи со „ботовите“ и манипулативните содржини.
Корисниците можат да ја видат државата на потекло на секој профил со клик на името или на датумот на неговото креирање.























