УТРО.мк

Туск: Нема место за преголем оптимизам во мировните преговори за Украина

Туск: Нема место за преголем оптимизам во мировните преговори за Украина
Vero

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека причините за значителен оптимизам во тековните мировни преговори за Украина се ограничени, но нагласи дека Полска ќе го поддржи процесот кој нуди шанса за ставање крај или барем прекин на руско-украинската војна.

Туск се наоѓа во Ангола каде учествува на неформален самит на Европската унија за Украина. На маргините на самитот се одржал и посебен состанок на шефовите на влади на земјите членки на ЕУ за разгледување на мировниот план од 28 точки предложен од САД. Полскиот премиер нагласи дека за време на состанокот се воделе сериозни разговори, во атмосфера на целосна согласност дека предложениот план треба да се доработи, бидејќи дел од предлозите се неприфатливи.

„Малку се причините за значителен оптимизам. Ние сите ќе го поддржиме овој процес кој нуди шанса за ставање крај на војната. Но, важно е со планот да не се ослабат Полска, Европа и заедничката безбедност“, рече Туск.

Тој додаде дека распадот на Украина би претставувал закана за Полска и дека условите на мировниот договор не смее да го фаворизираат агресорот. Полскиот премиер исто така најави дека Европа е одлучна да го реши прашањето за замрзнатите руски средства до Европскиот совет во декември и дека Украина не треба да плаќа за дејствата на Русија.

Туск се осврна и на прашањето за евентуално распоредување на европски или НАТО ловци во Полска, потенцирајќи дека никој нема да дозволи да биде вовлечен во „замки“ од Русија, како што е повлекување на копнените сили од источното крило на НАТО. „Јас нема да одобрам ниту да преземам какви било гаранции што не сакаме да ги дадеме“, заклучи Туск.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран