УТРО.мк

Владата го задржува повластениот ДДВ за нови станови и во 2026 година

Владата го задржува повластениот ДДВ за нови станови и во 2026 година
Vero

Повластената стапка од пет проценти ДДВ за новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

– Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се спроведат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на резултатите, предложивме стапката од 5 проценти да остане и натаму. Исто така, во постапка сме на измена и дополнување на целиот Закон за ДДВ, каде ќе предложиме модалитети кои ќе се применуваат во иднина – истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено бидејќи дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.

– За да не биде оштетен ниту еден граѓанин, потребна е целосна и јасно утврдена постапка. Поради тоа предложивме продолжување на повластената стапка од 5 проценти – нагласи таа.

Димитриеска-Кочоска додаде дека и во земјите со повисоки генерални стапки на ДДВ, даночното третирање на становите е пониско, наведувајќи го примерот на Словенија, каде редовната стапка на ДДВ за станови е 9,5 проценти.

Таа најави дека Министерството за финансии работи на сеопфатни законски измени во даночната регулатива, но дека нема да има промена на даночните стапки. – Прво се отвораат законот за данок на добивка и персоналниот данок, а потоа и останатите сегменти, со приоритет на усогласување според директивите – додаде министерката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран