Македонската полиција распиша централна потерница за Ремзи Мифтари, второосудениот во случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти МВР. Мифтари се бара за издржување на десетгодишна затворска казна во КПУ Идризово.
Мифтари е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, според член 300, став 2 од Кривичниот законик. Казната од 10 години затвор претходно ја одложуваше со медицинска документација во која тврдел дека има здравствени проблеми, вклучително и хернија на тестиси.
Автобуската несреќа се случи во 2019 година и однесе 16 животи, додека околу 30 лица беа повредени. Полицијата апелира до граѓаните да пријават информации за локацијата на Мифтари.























