УТРО.мк

Стразбур ја разоткри нестручноста на дел од судиите

Стразбур ја разоткри нестручноста на дел од судиите
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги критикуваше дел од судиите и обвинителите, по реакцијата од Европскиот суд за човекови права во Стразбур поврзана со предметот „Тенк“, во кој беше осудена поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Според него, забелешките од Стразбур се доказ за, како што рече, „заробеното судство“ што функционирало под претходната власт.

Мицкоски изјави дека судиите кои носат одлуки што потоа паѓаат во Стразбур немаат кредибилитет. „Тоа се тие судии на кои им е мала платата, бараат двојно или тројно поголема, а партиски се октроирани. Тоа е наследството од претходната власт“, изјави премиерот.

Тој директно се осврна и на судијката што го водеше предметот „Тенк“, алудирајќи на нејзината актуелна функција и нејзините постапки во однос на пензионерите. „Погледнете кој го водеше случајот и каде е денес. И денес го атакува правото на пензионерите, се обидува да им го одземе тоа што законски им следува“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека државата „црвенеe пред Стразбур“ поради, како што рече, неодговорно и непрофесионално работenje на дел од судиите. Тој повтори дека потребни се суштински реформи во правосудството, а не зголемување на платите на судиите „кои не ја заслужуваат ниту сегашната, која е далеку над просечната плата“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран