Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека општината продолжува да работи со целосна транспарентност и отчетност, согласно ветувањата дадени пред граѓаните.

Минатата седмица општинските служби организираа јавна дискусија со граѓаните, на која се анализираа потребите на заедницата, се предложија идеи и се разгледаа конкретни проекти што треба да бидат дел од новиот општински буџет. Проданоски наведува дека процесот бил целосно отворен и дека секој граѓански глас бил земен предвид.
Процесот на консултации продолжил и денес, со средба на која учествуваа претставници од бизнис заедницата, невладините организации, различни здруженија, како и Занаетчиската комора и претставници од угостителскиот сектор. На средбата биле разменети предизвиците и идеите кои би требало да се вградат во развојните политики на општината во следната година.
– Ова е нашиот заеднички пат кон подобра, поправедна и поодговорна општина. Прилеп подеднакво припаѓа на сите! – порача Проданоски.























