Тетово, градот под Шара, има силен локален идентитет и препознатливо мултикултурно окружување. Според едно од најпознатите толкувања, името потекнува од старословенскиот глагол „хтјати“ (сака), а „хтјатово“ значело „сакано место“, од што со текот на времето се развило денешното име Тетово. Не е случајно што тетовчани и денес често го нарекуваат својот град „саканиот град“.
Денес, покрај културното значење, Тетово има и важно економско место во државата, со компании активни во автомобилската индустрија, градежништвото, трговијата, услугите и логистиката.
Анализата на порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа ги разгледува десетте најголеми компании во Тетово. Во 2024 година, водечките компании оствариле вкупен приход од 241,5 милиони евра, што е раст од 8,2 насто во однос на 2023 година. Вкупната добивка се искачила на 15,9 милиони евра, што претставува раст од 7,4 насто, додека бројот на вработени паднал на 2.801 лице, односно 11,5 насто помалку од претходната година.
Најдинамична е категоријата на плати: вкупниот износ на прикажаните просечни плати за компаниите што се топ 10 достигнува 22.573 евра, наспроти 5.545 евра во 2023 година.
ЛЕАР Е НЕДОСТИЖЕН НА ВРВОТ ПО ПРИХОД, А АК ИНВЕСТ ИМА НАЈГОЛЕМ РАСТ
Вкупниот приход на ударната тетовска десетка лани изнесувал 241,5 милиони евра, проследен со зголемување од 8,2 насто. Тоа, пак, произлегува од растот регистриран кај седум од нив.
Најголемиот обрт на средства, од 125,6 милиониевра, е направен во ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА, и е далеку од останатите девет во однос на остварениот промет. Оваа компанија произведува делови за моторни возила.
ПОФИКС е второрангирана компанија којашто се занимава со производство на малтер и обезбедил приход од 24,6 милиони евра.
Секако, пари има и во изградба на станбени и нестанбени згради. Компанијата АК ИНВЕСТ е на трето место и лани остварила приход од 20,1милион евра, но со многу поголем раст во однос на 2023 година, речиси 162 насто.
Со трговија на моторни возила, АРРБОРА го зазема четвртото место со приход од 14,4милиони евра.
Првата петка ја заокружува фирмата ЕАКОМ ДООЕЛ со 13,6 милиони евра, која гради станбени и нестанбени згради.
На оваа топ 10 листа има и компанија од дејноста игри на среќа и компанија што се занимава со производство на млечни производи.
Топ 10 компании по приход во Тетово
























