Утрово во две приватни училишта и во еден музеј во Скопје пристигнале електронски пораки за наводно поставени експлозивни направи. Полицијата и надлежните служби веднаш интервенирале, а проверките покажале дека се работи за лажни пријави.
За секој случај биле преземени сите безбедносни мерки, при што учениците и вработените не биле изложени на опасност. Се работи на идентификација на лицето кое ги испратило лажните дојави. Инаку, завчера во Скопје имаше слична лажна дојава за време на концерт во СЦ „Јане Сандански“.























