УТРО.мк

Во 2024 година забележан пад на дигиталното пиратство, но не во сите категории

Во 2024 година забележан пад на дигиталното пиратство, но не во сите категории
Vero

Дигиталното пиратство бележи опаѓање на глобално ниво – според извештајот на аналитичарската компанија MUSO, во 2024 година се регистрирани 216,3 милијарди посети на пиратски веб-страници, што е за 5,7% помалку во однос на претходната година. Сепак, трендовите се различни по категории, а особено расте пиратството во издаваштвото.

Најголемиот пад е забележан кај филмското пиратство – 18% помалку посети во однос на 2023 година, што аналитичарите го поврзуваат со штрајковите во Холивуд и намалената продукција на нови содржини. Според MUSO, едноставно имало помалку што да се „скине“.

Пиратството на телевизиски содржини исто така опаднало за 6,8%, но во рамки на таа категорија, аниме содржините бележат раст. Телевизијата и понатаму останува најголема пиратска категорија со 96,8 милијарди посети.

Издаваштвото, од друга страна, доживува пораст од 4,3%, со вкупно 66,4 милијарди посети на страници што нудат нелегални копии на книги, манга и преводи пред официјалната објава. Тоа ја прави оваа категорија втора најпопуларна по телевизијата.

Пиратството на музика опаднало за значајни 18,6%, што MUSO го припишува на доминацијата на легални и пристапни платформи како Spotify и Apple Music. И софтверското пиратство бележи минимален пад од 2,1%.

Од MUSO заклучуваат дека трендот е јасен: кога легалните опции се скапи, бавни или фрагментирани, корисниците се свртуваат кон пиратство. Но кога содржините се достапни, обединети и ценовно прифатливи – публиката преферира легални извори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран