УТРО.мк

OpenAI го лансира новиот „pro“ AI модел во ChatGPT: Побавен, но попрецизен

OpenAI го лансира новиот „pro“ AI модел во ChatGPT: Побавен, но попрецизен
Vero

Технолошкиот гигант OpenAI продолжува со забрзано темпо да воведува нови верзии на своите вештачки интелигенции. Најновото дополнување на платформата ChatGPT е моделот o3-pro, дизајниран да понуди поголема прецизност во одговорите – дури и по цена на побавно работење.

Откако во април беа претставени моделите o3 и o4-mini, OpenAI најави дека наскоро ќе биде достапна и „pro“ верзија на моделот o3. Сега, таа верзија е конечно пуштена за јавна употреба.

Според компанијата, „pro“ моделот е наменет за понапредни и барани задачи, каде што прецизноста и сигурноста на одговорите имаат предност пред брзината.

„Го препорачуваме o3-pro моделот за корисници кои работат на комплексни проекти и на кои им е поважна точноста отколку времето на одговор. Иако одговорите можат да доцнат неколку минути повеќе, квалитетот вреди“, велат од OpenAI.

Важно е да се напомене дека моделот o3-pro не поддржува некои функции, како што се генерирање слики и Canvas (виртуелно платно за работа со документи и визуелизации), кои се достапни во други ChatGPT модели.

Новиот o3-pro модел е достапен за корисниците на ChatGPT Pro и Team, додека корисниците на Enterprise и Education пакетите ќе добијат пристап во текот на следната недела.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран