УТРО.мк

Извршниот директор на Pinterest го поддржува ограничувањето на социјалните медиуми за тинејџери под 16 години

Извршниот директор на Pinterest го поддржува ограничувањето на социјалните медиуми за тинејџери под 16 години
Vero

Бил Реди, извршен директор на Pinterest, јавно ја поддржа неодамнешната австралиска одлука да се забранат социјалните мрежи за помлади тинејџери и повика други земји да следат сличен пример. Во колумна за Time, Реди истакна дека „социјалните медиуми, во сегашната форма, не се безбедни за лица под 16 години“ и дека е потребен „јасен стандард со вистинско спроведување и одговорност за апликациите и мобилните системи“.

Иако ова може да звучи контрадикторно за шеф на платформа која привлекува голем дел од генерацијата Z, Реди нагласува дека Pinterest веќе има строг пристап кон помладите корисници. На платформата, сите тинејџерски сметки се приватни по дифолт, а функциите за пораки се исклучени за лица под 16 години.

„Нашите политики покажуваат дека заштитата на младите не ја намалува нивната активност, туку ја гради довербата“, напиша Реди, објаснувајќи дека безбедноста и благосостојбата на корисниците е и стратегиска предност за бизнисот.

Pinterest се смета за „платформа за визуелно пребарување“ и не дозволува регистрација на лица под 13 години. Сепак, компанијата се соочила со критики во минатото. Истражување на NBC News од 2023 година покажа дека алгоритмот понекогаш прикажувал слики од млади девојки на возрасни корисници кои пребарувале таква содржина, а некои табли на Pinterest содржеле контроверзни ознаки како „секси девојки“. Како одговор, компанијата го направи присуството на тинејџерките под 16 години приватно и непребарливо.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран