
НАСА ги објави првите извонредни фотографии од „Артемис II“, направени додека астронаутите лебделе над Месечината. На едната слика се гледа спектакуларен момент, „заоѓање“ на Земјата. Планетата се појавува над суровите кратери на месечевата површина, како да се буди од мракот на ноќта.

Другата фотографија фатена од астронаутите го прикажува драматичното затемнување на Сонцето, кога Месечината преминува пред светилото и го сокрива неговиот сјај. Двете фотографии биле направени за време на шестчасовниот прелет околу Месечината, вклучително и во моменти кога вселенската капсула била зад Месечината, во т.н. период на радио-молк.
























