
Двонеделното примирје меѓу САД и Иран веднаш донесе промени на пазарот на нафта, туркајќи ја цената на суровата нафта под границата од 100 долари за барел. Утрово, барел Брент се тргува по 93,85 долари, што претставува пад од околу 14% во однос на вчерашните 108 долари.
Слична динамика се забележува и кај WTI нафтата, која забележува пад од 15,24% за само еден ден.























