
Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на горивата на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика, при што се очекува поевтинување на дизелот и бензините.
Како што соопшти тој на прес-конференција во Владата, цената на ЕВРОСУПЕР 95 и ЕВРОСУПЕР 98 треба да се намали за 1,5 денари, додека дизел горивото ќе поевтини за 2,5 денари.
Мицкоски информираше и дека останува во сила попустот од ОКТА од два денари за нејзините партнери, што дополнително влијае на конечните малопродажни цени.























