УТРО.мк

Враќање на нормално снабдување со авионско гориво ќе потрае месеци по отворањето на Ормутскиот теснец

Враќање на нормално снабдување со авионско гориво ќе потрае месеци по отворањето на Ормутскиот теснец
Vero

Снабдувањето со авионско гориво од Блискиот Исток нема да се стабилизира за кратко време, дури и ако Ормускиот теснец повторно се отвори, предупреди Вилијам Волш, директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Според него, обновата на рафинериските капацитети и нормализирањето на пазарот ќе бараат месеци.

Цената на нафтата се спушти под сто долари за барел по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделно примирје со Иран, кое е условено со итно и безбедно отворање на Ормускиот теснец, канал низ кој минува приближно една петтина од светската трговија со нафта, јавува Ројтерс.

Иако Волш очекува пад на цените на сировата нафта, тој предупреди дека авионското гориво веројатно ќе остане скапо. „Нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток значат дека дури и со повторно отворање на теснецот, ќе бидат потребни месеци за да се достигне нормално снабдување“, рече Волш во Сингапур.

Авиокомпаниите во Азија веќе го чувствуваат ефектот: некои намалуваат летови, други превезуваат дополнително гориво од матичните аеродроми или додаваат нови станици за дополнување. Кризната состојба особено ги притиска пазарите со пониски приходи и зависност од увоз, како Виетнам, Мјанмар и Пакистан, откако Кина и Тајланд го запреа извозот на авионско гориво, а Јужна Кореја ја задржа минатогодишната квота.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран