УТРО.мк

ЕУ го поздравува двонеделното примирје меѓу САД и Иран: Простор за дипломатски решенија

ЕУ го поздравува двонеделното примирје меѓу САД и Иран: Простор за дипломатски решенија
Vero

Европската Унија ја поздрави одлуката за двонеделен прекин на огнот помеѓу САД и Иран, оценувајќи ја како значаен чекор кон смирување на долгогодишните тензии.

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, ја нарече ова „потребна пауза од недели на ескалација“ и истакна дека примирјето отвора простор за обновување на дипломатските напори и намалување на меѓународните закани.

„Ова е момент за сопирање на нападите, обновување на пловидбата и создавање основа за траен мировен договор“, рече Калас, подвлекувајќи ја критичната улога на Ормутскиот теснец за глобалната трговија со енергенси.

Во својот говор, Калас исто така му се заблагодари на Пакистан и на неговиот претставник Ишак Дар за посредувањето кое помогна да се постигне договорот, истакнувајќи дека дипломатските канали мора да останат отворени и активни.

Преговорите следеа по серија закани од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади врз Иран, доколку теснецот не биде отворен. Сепак, со изминување на рокот, страните се согласија на привремен прекин на конфликтот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран