УТРО.мк

Глобален прекин на сервисите на Мета: Facebook, Instagram и Messenger недостапни за милиони корисници

Глобален прекин на сервисите на Мета: Facebook, Instagram и Messenger недостапни за милиони корисници
Vero

Милиони корисници ширум светот попладнево се соочија со сериозни проблеми при користењето на социјалните мрежи и апликации во сопственост на компанијата Мета. Facebook, Instagram и Messenger беа недостапни или функционираа со значителни прекини.

Според пријавите објавени на платформата Downdetector, проблемите започнале ненадејно и погодиле корисници во повеќе земји. Голем број корисници на Facebook биле автоматски одјавени од своите профили и не можеле повторно да се најават.

Во меѓувреме, корисниците на Instagram пријавувале потешкотии при испраќање пораки, објавување фотографии и освежување на содржините, додека Messenger го прикажувал статусот „Се поврзува“, со што комуникацијата преку апликацијата била целосно оневозможена.

Интересно е што WhatsApp, кој исто така е дел од екосистемот на Мета, според досегашните информации продолжил да функционира без поголеми проблеми кај најголем дел од корисниците.

Засега нема официјално соопштение од Мета за причините што доведоа до овој глобален прекин, ниту пак е познато кога сите услуги ќе бидат целосно обновени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin