УТРО.мк

Железната купола пробиена – балистички ракети паднаа во центарот на Тел Авив, има повредени

Железната купола пробиена – балистички ракети паднаа во центарот на Тел Авив, има повредени
Vero

Иранскиот одговор на израелските напади започна со масовен ракетен напад, потврди државната новинска агенција „Ирна“. Израелските градови беа засипани со стотици ракети во најмалку два последователни бранови, а според најновите информации од израелската армија (IDF), се очекува и трет.

Во Тел Авив и Ерусалим се активираа сирените за воздушна опасност, додека сведоци јавуваат за силни експлозии над градовите. Иако израелската армија соопшти дека системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“ работи на пресретнување на ракетите, првичните извештаи потврдуваат дека најмалку две балистички ракети паднале директно во центарот на Тел Авив.

Израелската служба за итна медицинска помош објави дека најмалку пет лица се повредени и веднаш се испратени тимови на терен во погодените области. Израелските власти најавуваат ескалација и дополнителни безбедносни мерки низ целата земја.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран