Во последните 24 часа, Камчатка била погодена од 57 земјотреси со јачина до 6,2 степени по Рихтер, од кои пет биле почувствувани во населени места, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Според РИА Новости, на полуостровот е забележана зголемена вулканска активност по силниот земјотрес од 30 јули со јачина од 8,8 степени — најсилен од 1952 година.
Активни се вулканите Клучевски, Безимијани, Шивелуч, Каримски, Камбални и Крашениников, а властите ги предупредија жителите и туристите да не им се приближуваат.
Сеизмолозите оценуваат дека активноста е „исклучително висока“, а регионот е во вонредна состојба поради природната катастрофа.































