УТРО.мк

Зеленски воведе воена власт во Одеса и му го одзеде државјанството на градоначалникот

Зеленски воведе воена власт во Одеса и му го одзеде државјанството на градоначалникот
Vero

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го стави Одеса под воена власт поради конфликт со градоначалникот Генадиј Труханов, кој ја предводеше областа повеќе од една деценија, објави ДПА.

Зеленски вчера му го одзеде државјанството на Труханов, наведувајќи дека поседувал руски пасош. Градоначалникот негира и најави тужба за да остане на функцијата, но губењето на украинско државјанство автоматски го отстранува од позицијата, а тој се соочува и со депортација.

„Премногу безбедносни прашања во Одеса се нерешени предолго“, изјави Зеленски без дополнително образложение. Минатата недела, украинскиот претседател ги критикуваше локалните власти дека не обезбедиле доволна заштита на граѓаните за време на поплавите, во кои загинаа 10 лица.

Разузнавачката служба (SBU) објави фотокопија од важечки руски пасош на Труханов на Телеграм. Со воведувањето на воена администрација, Зеленски ќе има подиректна контрола врз стратешки важниот пристанишен град со над милион жители.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран