„Зеленски стигна во Холандија за НАТО самит, скроен за модна ревија – одело од страв од Трамп?“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше забележан вчера во Холандија, на прагот од Светскиот самит на НАТО, во сосема поинакво издание отколку што беше познат во изминатите три години.
На себе носеше елегантно црно одело, со кое ја посети вечерната манифестација во Кралската палата во Ден Бош, заедно со кралот Вилем-Александер и кралицата Максимa.
На настанот присуствуваа шефови на држави и нивни партнери од НАТО сојузот, а изгледот на Зеленски предизвика дебата, особено по контроверзната ситуација во март, кога ја посети Белата куќа облечен без одело. Тогаш, во Овалната канцеларија, новинар му постави едноставно, но провокативно прашање:
– Зошто не носите одело? Имате ли воопшто?
Прашањето предизвика насмевки кај американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс. Зеленски, останувајќи смирен, возврати:
– Имате ли вие проблем?
Додаде и со сигурен тон:
– Ќе облечам одело кога ќе заврши војната… можеби некое како вашето, или дури и подобро.
Сега, неколку месеци подоцна, на социјалните мрежи не остана незабележано неговото ново издание:
„Облече одело. Ѓаволот го однел. Носеше одело овој пат. Се надевам дека Американците сега се задоволни.“
Овој стилски зафат доаѓа во осетливо време – Белата куќа потврди дека Зеленски ќе се состане со претседателот Трамп на маргините на НАТО самитот, и покрај растечката загриженост за улогата на САД како посредник во руско-украинскиот конфликт.
Bro knew Trump was pissed tf off today so he wore a suitpic.twitter.com/DjMtMY3IQw— Old Row (@OldRowOfficial)June 24, 2025