УТРО.мк

Зеленски: „Корејското сценарио“ не е прифатливо за Украина

Зеленски: „Корејското сценарио“ не е прифатливо за Украина
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека крајот на војната е можен според „корејското сценарио“, но таквиот модел не ѝ одговара на Украина од безбедносни причини.

„Јужна Кореја е пример за цивилизациски и економски напредок, но таа има силен сојузник – САД, како и бројни системи за воздушна одбрана. Украина нема такви гаранции, а руската закана е десет пати поголема од севернокорејската“, истакна Зеленски, пренесе Укринформ.

Тој нагласи дека Киев бара сигурни безбедносни гаранции, вклучително и системи „Патриот“, и дека директно копирање на јужнокорејскиот модел не би било доволно. „Го почитуваме економскиот развој на Јужна Кореја, но идентична репродукција не е соодветна за Украина“, додаде Зеленски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран