Зеленски можеби ќе потпише мировен план
Американските власти очекуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише предлогот на САД за мировен договор до крајот на следната недела, со цел договорот да се претстави во Москва и процесот да се заврши до почетокот на декември.
Планот, составен од американскиот специјален пратеник Стив Виткoф и рускиот Кирил Дмитријев, содржи 28 точки и вклучува територијални прашања, политички статус на Украина и безбедносни гаранции по примерот на Член 5 од НАТО.
Секоја идна агресија на Русија врз украинска територија би се сметала за закана за транс-атлантската безбедност, при што САД и сојузниците би биле обврзани да реагираат, вклучувајќи и воена сила. Зеленски истакна дека украинскиот и американскиот тим ќе работат конструктивно и брзо на овој мировен план.























