УТРО.мк

ЦУК: Обилните дождови предизвикаа излевања, поплави и одрони во повеќе региони

ЦУК: Обилните дождови предизвикаа излевања, поплави и одрони во повеќе региони
Vero

Обилните врнежи што го зафатија регионот во последните 24 часа предизвикаа значително зголемување на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и појава на одрони на повеќе локации низ државата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Битолскиот регион има излевање на реката Шемница кај селото Лера, со поплавена куќа и штали, а во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Во Преспанскиот регион се излеале реки во селата Царев Двор и Дрмени, каде што се поплавени куќи, а постои опасност и од излевање на Голема Река.

Струмичкиот регион засега нема пријавени штети, но се регистрирани одрони на патот Струмица–Валандово. Во Скопскиот регион нивото на реките е зголемено, но засега без излевања. Во Велес има одрони и паднато дрво на два патни правци, а Вардар е со многу висок водостој и можност за излевање кај автобуската станица.

Од ЦУК информираат дека во Охридскиот регион водостоите се значително покачени, со излевања на повеќе места и ризик за поплавување на станбени објекти. Екипите интервенираат во Косел, Опеница и кај Скребатска Река. Во Куманово и Липково нема излевања, но се расчистуваат наноси кај селото Коинце. Во Кратово е исчистен одрон на патот Страцин–Пробиштип, додека во Тетово водостоите се зголемени, но без штети.

Според УХМР, денес се очекуваат нови обилни врнежи, локални грмежи и јужен ветер со брзина над 60 km/h. Најмногу дожд е измерен во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26).

ЦУК апелира граѓаните да избегнуваат движење покрај реки, мостови и поплавени површини, да ги следат указите на службите и секоја опасност да ја пријават на бројот 112.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран