Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со 19-годишно искуство, едногласно е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата за нов претседател на Антикорупциската комисија.
Комисијата за селекција на кандидатите му додели највисоки оценки – 96,5 бодови – поради значајното искуство во спречување на корупцијата и јасната визија за развојот на ДКСК.
Пленарната седница на Собранието за гласање на предлог-одлуката е закажана за почетокот на декември. Чучуљ ќе го замени местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка по обвиненија во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Од 13 пријавени кандидати за претседател, селектирани беа 10, а интервјуата започнаа неодамна.























