Минатата недела црквата „Свети Никола“ во Катланово, кај Скопје, стана цел на кражба, а целата ситуација е забележана на црковна камера.
На видеото се гледа како маж влегува во црквата, внимателно ги разгледува иконите и собира пари оставени од верниците за здравје, по што мирно ја напушта црквата.























