УТРО.мк

ВЛЕН: Опозицијата предводена од ДУИ е во длабока криза – проектот НАИ се распаѓа камен по камен

ВЛЕН: Опозицијата предводена од ДУИ е во длабока криза – проектот НАИ се распаѓа камен по камен
Vero

Албанската опозиција предводена од ДУИ се соочува со сериозна криза, оценуваат од коалицијата ВЛЕН. 

Во нивното соопштение се наведува дека она на што долго време предупредувале, денес станало реалност — како што велат, „селотејп коалицијата“ НАИ се покажала како најголема политичка измама во последните години.

Од ВЛЕН аргументираат дека последните заминувања и внатрешниот хаос потврдуваат дека проектот НАИ не бил создаден за интересите на Албанците, туку за лични амбиции, „спакувани во ПР трикот на т.н. референдум“, со цел, како што велат, „да се фрли пепел во очите на граѓаните“.„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозициска сила. 

Денес се распаѓа пред очите на јавноста — камен по камен, бројка по бројка. Заминувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Љога и Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз лични, а не граѓански интереси“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Од таму додаваат дека, иако не се радуваат на внатрешните распади кај другите политички субјекти, ваквата состојба, според нив, ѝ штети на политичката сцена и ги остава граѓаните без реална алтернатива. „Албанците заслужуваат сериозен политички пристап, а не неуспешни експерименти споени со селотејп“, се наведува на крајот од реакцијата на ВЛЕН.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран