УТРО.мк

Лишен од слобода возач од Ресен, возел со двојно поголема брзина од дозволената

Лишен од слобода возач од Ресен, возел со двојно поголема брзина од дозволената
Vero

На 20.11.2025 во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен.

При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран