Русија сè уште не добила информации дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен за состанок за разговори за американскиот мировен план, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Американските медиуми јавуваат дека планот предвидува предавање на целокупниот Донбас на Русија, официјално признавање на Крим и Донбас како руски територии, замрзнување на контактната линија во Запорожје и Херсон, намалување на украинските вооружени сили и забрана за распоредување странски трупи.
Дополнително, предвидено е официјално признавање на канонската УПЦ, прогласување на рускиот јазик за државен и укинување на санкциите против Русија. Американските власти очекуваат Зеленски да го потпише документот до 27 ноември. Песков додаде дека нема напредок во решавањето на конфликтот од состанокот на Путин и Трамп во август на Аљаска.























