
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постојат разузнавачки информации кои укажуваат на подготовка на нов масовен напад од страна на Русија врз украинска територија.
На прес-конференција по церемонијата за отворање на претседателството на Ирска со Советот на Европската Унија, Зеленски изјави дека добиле „многу непријатни информации“ за можен нов руски удар и дека по настанот веднаш ќе се врати во Украина со својот тим.
Тој упати апел до граѓаните да останат внимателни, да не ги игнорираат сирените за воздушна опасност и во случај на тревога веднаш да се засолнат.
„Ги повикувам нашите луѓе да бидат особено внимателни, да се заштитат себеси, своите деца и семејства и да обрнат внимание на сирените“, порача украинскиот претседател.
Украинските власти засега не објавуваат дополнителни детали за можната временска рамка или обемот на најавениот напад.

















