УТРО.мк

Стравот од атентат сè поголем: Путин го зголемува бројот на луѓе што го чуваат

Стравот од атентат сè поголем: Путин го зголемува бројот на луѓе што го чуваат
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нова уредба со која повторно се зголемува бројот на вработени во Централната управа на Федералната служба за заштита (ФСО), институција задолжена за неговата лична безбедност и заштитата на највисокото државно раководство.

Според уредбата, максималниот број на воени и цивилни вработени во централната управа на ФСО се зголемува од 785 на 812 лица. Одлуката стапува во сила од 1 јули и претставува четврто зголемување на персоналот од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Федералната служба за заштита е една од клучните безбедносни институции во Русија, одговорна за обезбедување на претседателот, премиерот, Кремљ, парламентот и други државни објекти. Во нејзини рамки функционираат и специјализирани служби, вклучително и единици за комуникации и непосредна претседателска заштита.

Иако зголемувањето се однесува на централната управа, проценките се дека ФСО во целина брои десетици илјади припадници распоредени низ различни безбедносни задачи.

Западни медиуми и безбедносни извори во последниот период известуваат за засилени мерки за заштита на Путин, наведувајќи дека е намален бројот на негови јавни настапи и патувања, додека пристапот до него е значително построго контролиран.

Според истите извештаи, лицата кои доаѓаат во директен контакт со рускиот претседател минуваат низ дополнителни безбедносни проверки, а во одредени случаи им се ограничува користењето на електронски уреди.

Со новата уредба, безбедносниот апарат околу рускиот претседател дополнително се зајакнува, во услови на зголемени геополитички тензии и продолжена војна во Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin