УТРО.мк

Полицијата заплени пушки, пиштол и муниција, четворица лишени од слобода

Полицијата заплени пушки, пиштол и муниција, четворица лишени од слобода
Vero

Претреси во демирхисарско, пронајдено оружје, лишени четири лица

На 01.07.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети. Исто така на 01.07.2026 во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од с. Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар.

По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin